Компаниите од КС Групација и оваа година ја потврдија својата посветеност кон традицијата и заедницата, обезбедувајќи подароци за среќните пронаоѓачи на светиот крст по повод празникот Водици на повеќе локации низ Битола.
Во црквата Света Недела во Битола, компанијата Голд Фелициа подари телевизор како подарок за среќниот пронаоѓач на светиот крст, додека во населбата Бистрица, Голд Фелициа подари маици за сите учесници во традиционалното фрлање на крстот, со што беше збогатена празничната атмосфера и заедништвото меѓу присутните.
Дополнително, КС Групација во црквата Света Богородица во Битола подари златен крст за среќниот пронаоѓач, како симболичен гест на почит кон верата и духовните вредности.
Од КС Групација истакнуваат дека и во иднина ќе продолжат со вакви активности, како дел од нивната заложба за поддршка на локалната заедница, традициите и настаните кои ги обединуваат граѓаните.
Со желби за здравје, среќа и бериќет, КС Групација им го честита празникот Водици на сите граѓани и надеж дека новата година ќе донесе благосостојба и позитивна енергија.

Компаниите од КС Групација со подароци за среќните пронаоѓачи на светиот крст во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битолчани и вечерва ја испочитуваа традицијата во чест на 40 маченици, се искачија на Кркардаш, на Баирот, над Битола (фотогалерија)
- СВР Битола: пронајдена дрога – лишени од слобода три лица
- In memoriam: Драги Гроздановски
- Даскаловски: можаме да играме уште поквалитетно почнувајќи од утрешното дерби со ТФТ
- Филмските дела инспирација за македонските дизајнери и учениците за креациите дел од Креативен ден во Битола





