Вториот дел од кошаркарската Супер-лига и официјално ќе стартува викендов, за Пелистер со дерби дуел со екипата на Работнички.
„Зелено-белите“ славеа лесно и убедливо на првиот меч со овој ривал сезонава, а тренерот Даскаловски и неговите избраници се надеваат и на идентичен исход и викендов, за потврда на квалитетот и враќање на победнички патеки по нешто послабиот финиш на ланската сезона.
Натпреварот меѓу Пелистер и Работнички се игра в недела во 19 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Билетите по цена од 150 денари ќе можат да се набават во „Зикс“ и на билетарницата во салата „Боро Чурлевски“.







