Press "Enter" to skip to content

Раде Шербеџија повторно во Битола со незаборавна вечер, концертот со музика, моќна поезија…

-Вечерва во Центар за култура во Битола беше вистинско задоволство да се биде дел од атмосферата на концертот на еден од најхаризматичните уметници на овие простори, Раде Шербеџија, кој заедно со својот бенд “Западни колодвор“, донесе вечер на силни емоции, поезија, музика и сеќавања. 

-Шербеџија ги избриша границите меѓу сцената и гледалиштето, меѓу музиката, поезијата, животот и саќавањата.

-На концертот настапија како гости “Код 369“ од Битола.Раде Шербеџија, кој е одличен за своите 80 години, вечерва се појави пред битолчани беше облечен лежерно со неизбежниот шешир, но “направи“ вечер во која се избришаа границите меѓу сцената и гледалиштето, меѓу музиката и животот.Западни колодвор, Раде и “Код 369“ донесоа атмосфера на топлина, блискост и искрена емоција, каква што ретко се среќава на современите концерти, а сетоа тоа беше само уште еден доказ зошто филмскиот и театарски актер, со регионална и светска слава, поет и музичар, автор на бестселери… е повеќе од омилен кај битолчани.Вечерва Шербеџија “не прошета“ низ неговите најголеми хитови, ни откри дел од неговиот живот, ја раскажа приказната за Лондон, средбата со Манчевски, прошетките со двете ќерки додека неговата Ленка работела и средбите со луѓе од Балканот, сеќавања за неговиот загинат другат во Винковци, за средбите со Арсен Дедиќ… ни раскажа, си позборува со публиката…, но најважно испеа дваестина, можеби и повеќе незаборавни хитови.Во вечерта која не беше концерт, туку нешто повеќе и на вечер на која долго ќе се сеќаваат битолчани, вечер на која два пати се враќаше “на бис“,  вечер во која битолчани го гледаа и ги слушаа големите хитови како “Ето песма“, Не дај се Инес“….Шербеџија не ја пропушти можност и вечерва да го поздрави својот пријател од Битола, актерот Петар Мирчевски, со кој заедно играа во филмот “Пред дождот“ на Милчо Мачевски.За време на подготовките и снимањето на филмовите “Пред дождот” и “Ослободувањето на Скопје”, како и холивудскиот трилер “Миротворец“, делумно снимани во Битола, Шербеџија извесен период престојувал и живеел во градот.Во тие години, Битола за него не била само филмска локација, туку и секојдневна база, а тоа со гордост го спомена Шербеџија на вечерашниот концерт.Во текот на попладнето Шербеџија имаше прошетка низ Широк Сокак и средби со долгогодишни пријатели. “Баги комуникации“ и  дечките од Битола се заслужни за оваа мајсторија од Раде Шербеџија.

Ж. Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска 

More from КултураMore posts in Култура »