Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: во сообраќајна несреќа тешко беше повредена 76-годишна жена, физички напад, пронајдена дрога во Затвор Битола

Вчера попладне во Битола, во 17:48 часот пак, пријавено било дека на улицата „Смилевски конгрес“ во Битола, мотоцикл удрил во пешакот, 76-годишна битолчанка и го напуштил местото на настанот. Постарата битолчанка со тешки телесни повреди била пренесена во болницата во Битола, каде и била укажана лекарска помош.  На местото на несреќата извршени се увидни проверки од страна на полицијата.

На 27.01.2026 во 00:20 чaсот во СВР Битола, Т.Р. (36) од Битола пријавил дека на ул.„Бистра” во Битола бил физички нападнат од 43 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 26.01.2026, на полициски службеници од СВР Битола во ходник од службени простории на Казнено – поправната установа Затвор Битола била пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и прашкаста материја и дигитална вага. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 
More from ВестиMore posts in Вести »