Press "Enter" to skip to content

Во завршна фаза е изградбата на новата улица во “Касарната“

Со поплочување на тротоарите продолжува изградбата на новата улица СРУ 5 во некогашната касарна. Денеска увид во градежните работи изврши градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со претставници од администрацијата одговорни за овој проект.Градоначалникот беше информиран дека со оформувањето на тротоарите од двете страни на улицата кои се по 2,5 метри ширина, влегува во завршна фаза изградбата на оваа улица. Поставени се и коловозни рабници, но се чекаат погодни временски услови потребни да се исуши подлогата, а потоа да се асфалтира, а пред тоа ќе се средува околината по должината на улицата, зазеленување и хортикултурно уредување. Taa има комплетната комунална инфраструктура ( атмосферска и фекална канализација и водоводна инсталација), а ќе добие и улично осветлување.