Press "Enter" to skip to content

На денешен ден, во јануар 2013 до темел изгоре планинарскиот дом “Копанки“ (фотогалерија)

Страшна вест простриу во Битола во понеделникот наутро, на 28 јануари 2013 година, посебно за љубителите на планината и оние кои беа редовни гости од Битола дека во пожар изгоре планинарскиот дом “Копанки“ на Пелистер.Пожарот во домот “Копанки“ започнал после полноќ и го пеплоса домот, и покрај сите напори на присутните тоа да го спречат, но залудно. На жалост на сите кои барам еднаш биле таму и на оние кои секоја недела или друг ден престојуваа таму. За среќа во несреќата немаше повредени или загинати лица, а само неколку мина имаа благо труење од вдишување чад.Но, секако дека тоа им падна тоа и на сите битолчани, бидејќи изгубија едно нивно култно место на Пелистер, од каде битолчани имаа понесено огромни спомени и доживеано одлични моменти.Инаку, “Копанки“ располагаше со околу 100 кревети во кои имаа преноќевано планинари од цел свет, а беше изграден пред 80-тина години, односно, според некои иснформации пред Втората Светска војна.По 13 години откако изгоре до темел, а од него останаа само ѕидовите, 90 проценти од бетонско-армирачките работи и кровот се завршени, а остануваат да се работат дел од фазите архитектура, водовод, канализација и електрика.

Фото: Сашо Ристевски