Поскапување на услугите на јавните претпријатија кои се под надлежност на локалната самоуправа изгласа владеачкото мнозинството на Советот на Општина Битола на денешната 5. по ред седница.
Згрижувањето на децата во градинките поскапува за 500 денари, односно од 1.500 на 2.000 денари.
За подигање комунален отпад за станбен простор на физички лица од 2,80 денари за метар2 се зголеми на 4 денари, а за дворно место од 0,17 на 0,24 денари, за јавно зеленило за физички лица од 30 на 42 денари месечно. Гробно место чини 24.500 денари, а надоместокот за одржување на меѓугробен простор сега 450 денари годишно.
Поскапува и зонското паркирање: Во “А“ зона изнесува 50 денари за час, “Б“ зона 30, “Ц“ зона 30.
Сместувањето во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ за подвижни лица од 9.711 на 11.737 денари, а за неподвижни од 12.000 на 15.000 денари.
На денешната седница на Советот на Општина Битола, свое обраќање имаше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој рече.
-Од оваа говорница ќе се осврнам и на темата која исто така е присутна во јавноста, а тоа се јавните претпријатија и состојбата во која се наоѓаат. Сите сме свесни во кое време живееме, како живееме и треба. Секое од нив се бори со своите предизвици. Пред неколку години енергетската криза беше голем удар за нив. Зголемувањето на платите согласно зголемувањата на минималната плата исто така имаат влијание врз нивната работа, а неопходно е и вложување, односно инвестиции во механизација, кои се сега далеку попотребни од било кога, со оглед дека сме пред нова градежна офанзива каде и тие треба да сработат голем дел и од проектите кои ги доби општина Битола од Владата. Во Битола има претпријатија кои со децении немале корегирани цени, односно не се случило поскапување. Како пример, комуналните услуги не се променети од 1994 година.
Владејачкото мнозинство, истакна дека оваа непопуларна мерка е неопходна со цел да се зголеми ефикасноста и финансиската стабилност на јавните претпријатија.
Опозицијата во битолскиот Совет не даде поддршка за поскапувањето на јавните услуги.






