Press "Enter" to skip to content

Угина нилскиот коњ Берта во Зоолошката градина во Битола

-Семејството на Зоолошка градина Битола го напушти Берта, нашиот Нилски коњ, соопштија од зоолошката градина во Битола и додаваат:

-Берта беше омилена радост на најмладите наши гости повеќе од една деценија. Пред да се пресели во нашата ЗОО градина, Берта, близу 40 години, се дружеше со жителите и посетителите и на зоолошките градини во Скопје, Белград и во Виена, од каде и потекнуваше.

Овој наш жител има свои потомци во ЗОО градините во Виена,Белград и Скопје.

И покрај длабоката старост Берта одржуваше солидно здравје кое и покрај континуирана нега и терапија од нашиот ветеринар, сепак не можеше многу, против природниот крај за овој животински вид, кој на оваа возраст е неизбежен.

Тимот на ЗОО Битола веќе презема чекори современото живеалиште на нилскиот коњ да стане дом на нов наш жител, нов пријател на нашите посетители.

More from ВестиMore posts in Вести »