Боксерот Ален Рустемовски член на боксерскиот клуб Пелистерски јунак од Битола е прогласен за спортист на Македонија за 2025 година, кој во 2025 година беше вицешампион на Европа до 23 години, балкански шампион и освојувач на „Златен гонг“.
Во образложениет се вели дека признание кое доаѓа е круна на неговите извонредни резултати, посветеност и континуиран напредок на домашната и меѓународната сцена, а ова е потврда дека Рустемовски е еден од најзначајните амбасадори на македонскиот спорт, спортист кој со гордост го носи државниот грб и ја претставува Македонија и Битола со чест и достоинство.
-Сакам да се заблагодарм за ова големо признание, сакам да се заблагодарам на мојот тренер и семмество и на Битола. Ќе се борам и понатаму за Македонија, реќе кратко со многу емоции Рустемовски по примањето на наградата која му ја додели министерот за спорт, Борко Ристевски.
Инаку, со своите настапи во текот на изминатата година, Рустемовски ја промовираше Македонија на највисоко ниво, покажувајќи дека талентот, дисциплината и упорната работа секогаш наоѓаат пат до успехот. Неговите достигнувања не се само личен триумф, туку и силна мотивација за младите спортисти ширум земјата. Прогласувањето за спортист на Македонија е уште еден чекор напред во неговата успешна кариера и силна најава дека од Рустемовски допрва се очекуваат уште поголеми успеси.
Во оваа категорија, покрај Рустемовски, за спортист на годината беа номинирани и Енис Барди (фудбал), Стефан Михајловски (кикбокс и маитаи), Андреас Трајковски (атлетика) и Владимир Егоров (борење).
За најуспешен млад спортист беше прогласен Адријан Рустемовски (бокс) од Битола.











