Пратеничката од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Олга Лозановска од Битола соопшти дека Владата преку заем од “КФБ“ банката обезбеди средства за реконструкција на ресурсниот центар и основно училиште “Кочо Рацин“ во Битола и Студентскиот дом во Битола кој го носи истото име.
-3.382.500 евра за реконструкција ќе добие ресурниот центар “Кочо Рацин“ во Битола, а 5.615.500 евра за реконструкција ќе добие студентскиот дом “Кочо Рацин“ во Битола, објави Лозановска и додаде:
-Оваа реконструкција ќе опфати комплетна реконструкција на фасадата, кровот, санитарните јазли, електричната и водоводната инсталација, греењето итн. Средствата ги обезбедуваме преку заем од “КФБ“ банката кои се наменски за реконструкција на основни и средни училишта, студентски домови! За Битола! За иднината на младите!






