Press "Enter" to skip to content

Амбасадорка на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен во посета на Клиничка болница Битола

-При посетата на Клиничката болница во Битола беше доделена и донација на Одделението за урологија. 

Амбасадорка на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен беше во посета на Клиничката болница во Битола.Амбасадорка Сјаојен при посетата рече:-Иако кинеската амбасада во Македонија не е голема и нема голем персонал, но имаме голема желба да направиме нешто реално за македонскиот народ и за битолчани, како и да имаме одлична соработка со битолската болница. Ќе обезбедиме обуки на битолските лекари присуство на семинари и обуки, и ќе обезбедиме најдобри можности за нашите пријатели во Битола, како и за студентите на Високата медицинска школа. Денеска е одличен почеток на таа идна соработка. Амбасадорка на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен заедно со пратеничката Олка Лозановска и доктор Илија Келепуровски го посетија Одделението за урологија при Клиничка болница каде беше доделена и донацијата. Вечер во Битолскиот театар, ќе се одржи исклучителна културна вечер што ги спојува традицијата и современата уметност на Кина, со Сичуанската и Пекиншката опера кои ќе претстават: народна музика, танц, боречки вештини, акробатика, легендарната уметност на менување лица, како дел од Оваа гала вечер е дел од европската турнеја „Кина низ културата: Прекрасниот Сичуан“.