Press "Enter" to skip to content

Дејвис: Почит за Маџари, но знаеме што треба за да стигнеме до победа

Пелистер “врза“ две победи на стартот од 2026 година во Битола и во Скопје, а „зелено-белите“ ќе се обидат во ист стил да продолжат и во третиот меч во низа, утрешното гостување против тимот на Маџари (20.30 часот, сала „Наум Наумовски Борче“ во Скопје).

Кевин Брејси Дејвис е меѓу најдобрите кошаркари на Пелистер од старт на сезонава, а американскиот крилен центар смета дека постои простор за уште поголем напред во играта.

-Дефинитивно сме подобри во однос на завршницата на ланската сезона. Имаме напредок во нападот, пред се во движењето на топката, дефинитивно играме побрзо и тоа се одразува на резултатите. Мораме да продолжиме да работиме, пред се да ја подобриме одбраната, комуникацијата при ротациите кога противникот ја има топката, изјави Брејси Дејвис.

Маџари е тим против кого Пелистер се мачеше во првиот круг во Битола, триумфирајќи дури по продолженија.

-Играме со квалитетен противник кој сезонава покажа дека секому можже да му создаде проблеми. Го почитуваме тимот на Маџари, но нашиот фокус треба да биде на сопствената игра, да бидеме агресивни како во нападот, така и во одбраната бидејќи ако го исполниме тоа, ќе стигнеме до победата, порачува Американецот во таборот на „пелистерци“.

More from СпортMore posts in Спорт »