Press "Enter" to skip to content

“Кина низ културата: Прекрасниот Сичуан“ – Гала вечер во Битола (фотогалерија + видео)

Вечерва во Битолскиот театар во Битола се одржа исклучителна културна вечер што ги споји традицијата и современата уметност на Кина, со Сичуанската и Пекиншката опера кои прер битолчани претставија народна музика, танц, боречки вештини, акробатика, легендарната уметност на менување лица.Оваа гала вечер е дел од европската турнеја „Кина низ културата: Прекрасниот Сичуан“ и симбол на културното пријателство меѓу Кина и Македонија.Пред почетокот на уметничкиот дел на присутните им се обрати амбасадорка на Народна Република Кина, во Македонија, Џианг Сјаојен која рече:-Добредојдовте на вечерашниот настан. Вечерва, нашите талентирани кинески уметници ќе ви претстават прекрасна програма со етнички танци, традиционална народна музика, боречки вештини, светски познатата Пекиншка опера од училиштето Меј, како и спектакуларните настапи со менување маски од Сечуанската опера. Во изминатите неколку години, оваа уметничка трупа од мојот роден крај – провинцијата Сечуан – настапуваше низ многу европски земји, меѓу кои Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија, Швајцарија, Бугарија, а пред неколку дена и во Србија и додаде:-Вечерва е нивниот прв настап во Македонија – патување од илјадници километри кое носи вековна култура до вас. Битола, историско и културно уметничко срце на Балканот, е позната по своето богато наследство, но и по духот на отвореност и гостопримство. Нашите изведби главно потекнуваат од Сечуан – регион каде што разновидни култури и етнички заедници со векови живеат и создаваат заедно. Преку уметноста можеме да ја почувствуваме длабочината и отвореноста на кинеската култура, а вечерашниот настан е прослава на таа поврзаност. Овој настап е повеќе од културна можност – тој е симбол на пријателството меѓу нашите два народа. Кинезите, особено во Сечуан, го сакаат животот, ја следат среќата и се соочуваат со предизвиците со оптимизам и топлина. Во многу аспекти, овие квалитети силно одекнуваат со македонскиот дух.-Иако сум во оваа земја нешто повеќе од три месеци, веќе сум длабоко трогната од дарежливоста и љубезноста на македонскиот народ. Како што вели една кинеска поговорка: „Таму каде што срцето се чувствува мирно и прифатено – таму е домот.“ Благодарение на вашата топлина, оваа прекрасна земја веќе почнува да ми се чувствува како дом.-Драги пријатели, за само десет дена ќе ја дочекаме Кинеската лунарна нова година – Годината на Коњот. Во двете култури, коњот симболизира брзина, сила и храброст. Нека нè инспирира да одиме напред со енергија, единство и решителност и да изградиме уште посветла иднина за нашите две земји и народи, заврши амбасадорка Џианг Сјаојен. Претставата комбинираше врвна техника, сценска естетика и современа креативност, создавајќи искуство што ги плени очите, слухот и емоциите. Претставата беше визуелна гозба што ги спои традиционалната и модерната кинеска уметност.

-Од класичниот приказ на “Четирите легендарни убавици“ преку митовите во “Златниот мајмун ја пречекува пролетта“, танцот на “Кои Карп“ до магичната уметност на менување лица, програмата го прикажува уникатниот шарм на кинеската култура низ богат и разновиден сценски израз, ги најавуваше деловите од претставата Никола Пројчевски.

На два кинески традуционални инструменти и виолина беше изведена народната песна “Ој девојче, девојче“ што беше одлично приено од битолската публика.

Ж.Ристевска

Фото: Сашо Ристевски