Компанијата “Ангромаркетинг“ во Битола дене свечено го отвори новиот супер маркет кој се наоѓа на улица “Партизанска“ кај семафорите.
Новиот маркет е на местото каде се наоѓаше поранешната продавница на ШИК.
Новиот супер маркет има површина од 300 м2, а битолчани од вој дел на Битола, како и сите намерници ќе можат тука да најдат и да купат повеќе од 5.000 производи.
Палетата на производи кои можат да се купат тука е голема, тука има се што и треба на секое семејство, почнувајќи од храна, пијалоци, хемиски производи, производи кои се потребни за одржување на домот.
Во маркетот ќе се продаваат производи зад кои стои “LKA“ групацијата, чија членка и основач е и компанијата “Ангромаркетинг“.
Маркетот од задната страна има сопствен паркинг простор, кој ќе се користи бесплатно.

Свечено отворен маркетот на “Ангромаркетинг“ кај семафорите на “Партизанска“ (фотогалерија)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- ЈК “Травел“ ви нуди продолжен викенд што ќе го паметите во Парга и Пефкохори
- Викенд во Jovanoski Bar & Restaurant by Rajska Dolina, погледнете го менито (линк)
- Единствена можност ова лето: Голем open air концерт на Владо Георгиев во Битола
- Бар “Манаки“: секое утро започнува со доручек
- Ресторан “Вила Виста“ место за уживање во единствениот поглед





