Press "Enter" to skip to content

Во Битола денес блокада и протести пред СВР Битола поради одземени возила бидејќи возеле без возачка дозвола (фото)

Денес во Битола пред СВР Битола околу пладне населението од населбата Баир од Битола денеска протестираа и при тоа со автомобил го блокираа “Булеварот“ од страната на Шехерезада и се задржаа тука неколку часа. Ромите скандираа “Нема правда нема мир“ и “Стоп за новиот закон“. Ромите носеа транспарент испишан со пораката “Сакаме правда за сиромаштијата без возачка“. Овој протест и блокада направија проблеми во сообраќајот низ центарот на Битола, а сообраќајната полиција не неколку места, посебно кај безистенот, го пренасочуваа сообраќајот.Повод за протестите на групата граѓани од Ромска националност е поради тоа што полицијата им ги одземала возилата бидејќи возеле без возачка дозвола, а кој започна синоќа откако на неколкумина жители на населбата им беа одземени возила при рутинска контрола на сообраќајната полиција. Тие се обединети во ставот дека треба да им се дозволи инаков начин на стекнување со дозвола заради нивниот социјален статус, а упатија порака до претседателката Силјановска, премиерот Мицковски и министерот за внатрешни работи Тошкоски овие измени на кривичниот законик да бидат повлечени.Од 1 февруари годинава на сила се измените на Кривичниот законик со кои се одзема моторното возило од лица кои управуваат без стекнато право на возачка дозвола и тоа под услов да е во негова сопственост.

Новите правила важат за сите видови моторни возила – патнички автомобили, мотоцикли, скутери и други моторизирани превозни средства и освен прекршочна предвидуваат и кривична одговорност и кога сопственик на возилото е трето лице доколку се утврди дека сопственикот знаел или бил должен да знае дека лицето што управувало немало возачка дозвола.Премиерот Христијан Мицкоски пак денеска информираше дека од полицијата побарал жесток одговор за секој што го прекршил законот, се заканувал или го загрозил јавниот ред и мир во текот на вчерашните блокади.