Компанијата “Ангромаркетинг“ во Битола дене свечено го отвори новиот супер маркет кој се наоѓа во поранешната административна зграда на “Транскоп“ Битола, на излезот од Битола, кон Грција, кој е 10 по ред во нашио град.
Новиот маркет е на местото каде се наоѓаше поранешната продавница на ШИК.
Новиот супер маркет има површина од 300 м2, а битолчани од вој дел на Битола, како и сите намерници ќе можат тука да најдат и да купат повеќе од 5.000 производи.
Палетата на производи кои можат да се купат тука е голема, тука има се што и треба на секое семејство, почнувајќи од храна, пијалоци, хемиски производи, производи кои се потребни за одржување на домот.
Во маркетот ќе се продаваат производи зад кои стои “LKA“ групацијата, чија членка и основач е и компанијата “Ангромаркетинг“.
Тука битолчани ќе можат да набават и готова храна, која е подготвена во ресторанот “Лозар – Ангромаркет“.
Маркетот од задната страна има сопствен паркинг простор, кој ќе се користи бесплатно.

Свечено отворен маркетот на “Ангромаркетинг“ кај семафорите на “Партизанска“ (фотогалерија)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »





