Press "Enter" to skip to content

Фудбалерките на Македонија цел циклус квалификации за Светско ќе играат во Битола

Женската фудбалска селекција на Македонија квалификациите за пласман на Светското првенство ги почнува на 3 март во Битола со дуелот против Азербејџан, четири дена подоцна во Битола гостува, Андора.

Во вториот циклус на 14 април, Македонија е домаќин на Унгарија, а на 18 следува второто соочување со истиот противник. Квалификациите завршуваат во јуни со уште два натпревари. На петти и гостуваме на Андора додека на деветти го пречекуваме Азербејџан.

Претходно женската фудбалска репрезентација до 8 февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој почнуваат подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Селекторот Александар Андов на тренинзите во Дојран на располагање ќе има 24 фудбалерки.

За жал на списокот на повикани фудбалерки од страна на селекторот Александар Андов нема ниту една битолчанка.

Во изминатата 2025 година стадионот “Петар Милошевски” во Битола ја помина инспекцијата на Европската фудбалска унија (УЕФА) и доби лиценца за втора категорија, со што се здоби со можност да биде домаќин на големи фудбалски натпревари.