Press "Enter" to skip to content

Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава за двајцата Роми од Битола кои се закануваа

Независниот синдикат на полицијата (НСП) во текот на вчерашниот ден официјално поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица, Р.M. и Ф.М., поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници и побараа одредување мерка притвор за пријавените.

Инцидентот се случи на 03.02.2026 година за време на протести во Битола. Пријавените, преку изјави во медиумите и на социјалните мрежи, упатиле директни закани дека ќе ги нападнат полицајците доколку тие се обидат да го спроведат законот и да им ги одземат возилата.

НСП во својот допис до Обвинителството потенцира дека очекуваат ист аршин на постапување како во случаите кога се гонат полициски службеници. Исто така предлага лицата веднаш да бидат повикани како осомничени и за нив да се побара притвор за да не го повторат делото или да го извршат тешкото кривично дело кое го најавуваат.