Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: двајца битолчани приведени за дрога во Крклино, приведено лице за извршување на казна

На 05.02.2026 во 09:40 часот на ул. „Караорман” во Битола, врз основа на Наредба од Основен суд Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Б.В. (26) од Битола. Тој бил баран за издржување на  казна затвор од една година и шест месеци. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.  

На 05.02.2026 во 21:40 часот во с. Крклино, битилско, полициски службници од СВР Битола ги лишиле од слобода две лица двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветен поднесок.