-Во срцето на Битола на Широк Сокак, сендвичарата “Корнер“ е дел од секојдневието на битолчани и дел од градската приказна.
-“Корнер“ не е само сендвичара – тоа е место каде што генерации се договарале најпрво “кај компирчињата“, а денес кај “Корнер“.
-Тоа е приказна за труд, упорност и љубов кон добрата храна.
Низ дваесет години постоење фаст-худ “Корнер“ се издвои како сендвичара со врвен тост, вкусни сендвичи и секако – компирчиња. Вкусови кои многумина ги поврзуваат со спомени, дружби и прошетки низ Широк Сокак.
Фаст-худ “Корнер“ препознатлива по слоганот “Со Вас и за Вас“, синоќа свечено го одбележа својот 20-годишен јубилеј. Прославата се одржа во ресторанот “Корзо“ во Битола, а сопствениците ги пречекаа своите гости, роднини, пријатели, вработени и деловни соработници.
Од киоск до бренд “Корнер“ денес слави јубилеј 20 години, а како започна приказната – раскажува сопственикот Маријан Трифуновски.
-Времето навистина брзо помина. Од мал киоск “Корнер“ прерасна во објект со денешниот препознатлив изглед и стана синоним за квалитетна брза храна во Битола. Сендвичарата е отворена во 2006 година, најпрвин како дел од групацијата “Корзо Битола“ Уште при самата изградба на објектот, кога се градеше заедно со Пеце Стојчевски, сопственик на ресторан “Корзо“ имавме јасна идеја овој објект да добие лик каков што го има денес – приказна што ќе трае.
-Првите пет години, сендвичарата функционираше во рамки на групацијата “Корзо“, а од 2011 година следуваше ребрендирање и нов почеток под името “Корнер“, додава Трифуновски.
-Покрај основната дејност, од 2014 година “Корнер“ успешно ја прошири својата понуда и со кетеринг услуги, а во последните пет години нуди и сместувачки капацитети. Денес, трите гранки во угостителството функционираат како заокружен систем под брендот “Корнер“ , благодарение на посветен тим вработени и јасна визија за квалитетна и комплетна услуга за клиентите, вели Марјан Трифуновски.
Лоциран во срцето на Широк Сокак, таму каде што некогаш беше познатиот киоск „Кај компирчињата“, денес се препознава “Корнер“, а со текот на годините стана едно од најпосетуваните и најпрепознатливите места во Битола.
Покрај сите популарни сендвичи, денес најмногу се бараат компирчињата, кои и понатаму остануваат омилен деликатес. Секој производ е подготвен со посебна грижа и внимание, од високо квалитетни состојки.
-Местото е препознатливо за битолчани, кај компирчињата, но и денес може да се каже така, бидејќи компирчињата се еден од најбараните производи кај нас, посебно кај децата, вели Марјан.
Пеце Стојчевски на прославата на јубилејот, горд што бреднот остана, ни рече:
-Првите пет години поминаа, а јас поради обврски се повлеков, но ме радува што Марјан продолжи и успешно работи. Се надевам дака и во иднина тој, неговото семејство и тимот кој го има ќе продолжат уште многу, многу години. Им посакувам успешна работа и раст на бизнисот.
Успехот на “Корнер“ не се мери само со бројки или години, туку со довербата и љубовта на луѓето кои со години се враќаат. Нашите верни муштерии се срцето на оваа приказна. Слоганот „Со Вас и за Вас“ не е само збор, туку начин на работа, посветеност и љубов кон секој клиент, вели сопственикот.
-Да сте здрави и живи и да продолжите да нè следите и во годините што ни доаѓаат, а ние како и до сега ќе во возвратиме како и досега, порача Марјан Трифуновски.
За одличната атмосфера се погрижија групата „Форум“ и Ефто Пупиновски, кои со своите изведби ги развеселија гостите до доцна во ноќта.
Ж. Ристевска






