Press "Enter" to skip to content

Прим. д-р Таше Трпчевски: чудо во репродуктивната медицина, спасена матка – создаден живот, отстранти 46 миоми и успешна ИВФ

-Патот до бременост понекогаш бара време, трпение и сериозна медицинска интервенција.

Станува збор за пациентка на 32 години, која и покрај тоа што не е во брак, донесе јасна и свесна одлука да го оствари своето родителство. Зад неа стои комплексна медицинска историја со две големи хируршки интервенции за миоми, при што беа отстранети вкупно 46 миоми благодарение на д-р Христијан Трпчевски.

-По оперативното лекување беше направена хистеросалпингографија (ХСГ), која покажа обструирани јајоводи, поради што беше препорачано инвитро оплодување како најсоодветен следен чекор. Ова беше првото инвитро оплодување, кое резултираше со уредна бременост во шеста гестациска недела, со присутна и стабилна срцева акција. Дополнително, постои и една замрзната бластоциста, како идна можност за уште една бременост. Честитки до пациентката и благодарност за довербата, вели прим. д-р Таше Трпчевски.