Комисијата за избор на спортист на Битола при Општинскиот сојуз на спортови ги финализира подготовките за рангирање на спортистите за кои има добиено предлози од клубовите, членки на Сојузот.
Додека Комисијата го достави предлозите до Управниот одбор на Сојузот на спортови на Битола, продукцискиот тим го започна снимањето и подготовката на кратките видеа за спортистите кои се номинирани.
Снимањето се одвива во студиото кои е поставено во малата сала во спортската сала “Боро Чурлевски“, а како и изминатите години, Гоце Веселиновски, Александар Котевски и Димитар Колонџовски работат под полна пареа и ветуваат интересни видео клипови, кои ќе бидат прикажи на изборот на 17 февруари.
Фото: Дамијана Ристевка






