Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба картите за Лигата на Шампиони за дуелот со Висла

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер продолжува со настапите во ракометната Лига на шампиони. Првиот натпревар по паузата ќе го одигра пред својата публика на 19 овој месец, во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, а гостува силниот состав на Висла Плоцк. 

Од Еурофарм Пелистер информираа дека картите за овој важен дуел се веќе во продажба, а може да се купат онлајн https://kartieurofarm.mk/ .

Битолчани се претпоследни (седми) на табелата со 4 бодови, по десет одиграни натпревари во кои имаат две победи и осум порази.

Поддршката од публиката ќе биде клучна во да се стогне барем до шестото место што води во разигрувањето.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »