Press "Enter" to skip to content

Одземени уште три возила, “даеву“, “голф“ и “мерцедес“, на лица кои возеле без возачка дозвола

На 09.02.2026 во 09:45 часот на ул. „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 37 годишно лице од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „даеву” со битолски регистарски ознаки, управувано од приведениот, при што било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. Во координација со јавен обвинител, возилото било одземено, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.02.2026 во 10:45 часот на патот Прилеп – Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 39 годишникод с.Кривогаштани, прилепско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управувано од приведениот, при што било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. Во координација со јавен обвинител, возилото било одземено, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 09.02.2026 во 13:10 часот на ул. „Прилепска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 31 годишно лице од с.Драгожани, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес” со битолски регистарски ознаки, управувано од приведениот, при што било констатирано дека го управувал за време на мерка – забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Во координација со јавен обвинител, возилото било одземено, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава