Денес на споменикот Руски крст, кој се наоѓа во Градскиот парк во Битола беше одбележан Денот на Руската дипломарија, а на одбележувањето присуствуваше привремениот вршител на должноста на Амбасадорот на Русија Владимир Дjаков и почесен конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.
На Рускиот крст кои се поклонија и дугите присутни на споменот на Александар Аркадиевич Ростковски, руски конзул во Битола, кој во 1903 година беше убиен токму на ова место.
Одбележувањето на Денот на руската дипломатија започна со панихида за Александар Аркадиевич Ростковски и сите починати дипломати на Руската федерација, со која чиночалствуваше Владиката Петар, кој потоа рече:
-Денес се сеќаваме на Александар Аркадиевич Ростковски кој толму на ова место го загубил животот на 43 годишна возраст, кај ова прекрасно здание, Рускиот крст. Не смееме да заборавиме и да не бидеме благодарни на оној кој жртва станал, за да ги заштити правата човечки на нас Македонците, во она време, која најтешко се живеело, во времето на Отоманската империја која владееле во Македонија. Станува збор за исклучителна личност, господинот Александар Аркадиевич Ростковски, кој што бил во придружба на еден од најзаслужните за современиот, наш, македонски јазик, Крсте Петков Мисирков, кој во тоа време бил советник и воспитувач на децата на Александар.
-Затоа ние денес да посакаме и во иднина да се множат луѓето од ваков ков каков што беше и Александар, кој што немаше дипломатија, како што се говори, одмаздничка, или измамничка туку богомудра, како што ја имал ајмудриот цар Саломон и најмудриот апостол Павле, додаде владиката Петар.
Битола како конзулски град се покажал и докажал дека тука се водела големата и вистинската дипломатија во тоа време, во времето на Отоманската империја. За нас Македонците ова е мошне значајно затоа што придружникот на конзулот Алекандар е нашиот познат и може да се рече и основополошник на современиот литературен јазик, Крсте Петков Мисирков, кој бил како еден вид домашен или семеен учител или поточно воспитувач на децата на конзулот. Тоа е значајно и поради тоа што секако во тоа време, ние Македонците кои не сме можеле да основаме држава покрај сите обиде подолго време, од Самоила се во Втората светска војна во тоа време Русија ни давава можност да можеме таму да ги искажеме сите наши потреби за самостојна држава, за свој јазик, за свој идентитет, за своја нација… Тоа било во тие познати Руски кружоци и списанија, каде објавувале нашите познати преродбеници…
Свое обраќање имаше и привремениот вршител на должноста на Амбасадорот на Русија Владимир Дjаков кој прво им се заблагодари на Владиката е свештениците за панидидата и рече:
-Денес во Русиjа го слават Денот на руската дипломатиjа. Се придружувам на честитките што ги добиваме денес од раководството на земjата, нашите колеги и приjатели во странство, вклучително и туку во Македониjа. Им честитам на сите вработени и ветерани во Министерството за надворешни работи на Руската Федерациjа за овоj професионален празник! Нашата дипломатиjа има богата и славна историjа. Убеден сум дека руските дипломати ќе продолжат и понатаму да се справуваат со функциите што им се доделени – до обезбедуваат динамичен развоj на Русиjа и да ги заjакнауват неjзиниот авторитет и влиjание во мултиполарен свет – светски поредок во коj сите држави имаат право на своj модел на развoj, имаат можност самостоjно, без туѓо влиjание да jа одредат своjата судбина, зачувуваjќи ги своите посебни култури.
Денес, според традициjа, оддаваме почит на нашите колеги, кои ги дадоа своите животи, извршуваjќи jа своjата службена должност. Се сеќаваме на оние кои ги положиjа своите животи на олтарот на Победата за време на Големата Татковинска воjна и Втората светска воjна, на оние кои доброволно се приклучиjа на Црвената армиjа и го доближуваа Денот на Победата. Се сеќаваме и на Александар Аркадjевич Ростковски, Рускиот Императорски конзул, коj трагично загина на македонската земjа. Неговото убиство од страна на фанатичен жандарм во летото 1903 година длабоко го потресе локалното словенско население. Затоа што беше убиен поради неговата помош во ослободување на Македониjа. Познат на секоj македонец Крсте Мисирков, близок приjател на конзулот, коj што исто така беше учител на неговите деца, тоа судбоносно утро бил на местото на инцидентот и потврдил дека Ростковски бил невооружен. Според оние што го познавале нашиот конзул, тоj бил човек коj се грижел за локалното население и нивните права. Ова отсекогаш ги одликувало нашите дипломати. Трагичната судбина на рускиот конзул докажува дека дипломатска професиjа била и ќе остане исклучително тешка во однос на подготвеноста за саможртва.
Благодарност на локалното население православниот крст коj што е подигнат тука искажа Дjаков и рече:
-Благодарни сме на сите вклучени страни, на општинските власти и на локалните жители за зачувување на споменот на рускиот дипломат. Само врз основа на рамноправност, меѓусебно почитување и земање предвид на интересите еден на друг е можна соработка меѓу Русиjа и Македониjа. Убеден сум дека кога двете страни се заинтересирани за ова, етничкото и верското единство на нашите братски народи само ќе придонесе за обновувањето на врските.
Денеска цвеќе полжија и се поклонија на делото на Ростковски во Македониј и Велимир Стојковски – почесен руски конзул во Охрид, Даринка Крстановска – поранешен почесен руски конзул во Битола, почесниот конзул на БиХ – Билјана Дамјановска – Јанчевска, делегација на “Левица“, пратеникот на Демократска партија на србите Драган Недељковиќ, советничката во Советот на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ Дијана Талевска, претставници на “Лукоил Mакедонија“, здружението за македонско-руско пријателство и регионалното здружение за македонско-руско пријателство.
Познато е дека крстот бил подигнат двапати. Првиот пат – во 1936 година, но беше демонтиран по Втората светска војна. Во 2003 година, споменикот беше подигнат повторно – по повод 100-годишнината од смртта на Александар Ростковски.
Александар Ростковски пак на македонско тло дошол во 1895 година, време кога македонската национална свест забрзано се изградува под налетот на злосторствата на Османлиите. Ростковски помагал на христијанското население, а неговите дописи во матичната земја се сведоштва за неправидите на кои било изложено македонското население.
Текст и фото: С.Ристевски






