Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистет лесно до победа во Радовиш, “двојката“ поразена од Алкалоид во Битола (фотогалерија)

Радовиш – Еурофарм Пелистер 17:42 (11:16)

Еурофарм Пелистер ја запиша и втората победа во пролетниот дел од сезоната во Суперлигата на гостувањето кај Радовиш со резултат 17:42 (11:16).

“Пелистерци“ ја имаа победата во текот на целиот натпревар. На полувреме се замина со 11:16 за Еурофарм Пелистер. Во второто полувреме Пелистер ја зацврсти одбраната, прими само шест гола и постигна 26, за убедлив триумф од 17:42.

Најдобар поединец на паркетот беше Филип Кузмановски со девет гола, а солидни беа и Петар Атанасијевиќ и Хакбарт со по седум гола како и голманот Брестовац со десет интервенции и само  пет примени гола.Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид 22:36 (12:20)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 се поразени вечерва во Битола од Алкалоид со резултат 22:36 (12:20) во натпревар од 20. коло.

Само стартот на средбата беше израмнет, домашните поведоа двапати со головите на Дрогришки и Шулевски, но бргу скопјани го презедоа водството. Потоа беше 2:7 во 12. минута, а “пелистерци“ се вратија на 5:8. На одмор се замина со 12:20. 

Во продолжението Алкалоид во 33. минута дојде до двоцифрени 12:22. До крајот на натпреварот Алкалоид со сигурна игра стигна до 22:36.

Најефикасен кај домаќинот беше Бен Махфуд со осум погодоци.