Press "Enter" to skip to content

“Прстен за неа“ – музичко патување со Сефедин Бајрамов, камерниот оркестар “DIVA“ заедно со Ана и Виктор (фотогалерија + видеа)

Концертот насловен кој вечерва се одржа во Битола насловен “Прстен за неа“ на Сефедин Бајрамов ја исполни големата сала на Центарот за култура до последно место. Заедно со Камерниот оркестар “DIVA“ и нивните гости Бајрамов и приреди на публиката прекрасно музичко патување исполнето со романтични звуци и безвременски љубовни песни.Присутните уживаа во вечер посветена на срцето, љубовта, спомените и музиката, а повозрасните почуствуваа носталгија за некои минато време и сеќавање на некои незаборави хитови на Сефедин. Песна што тивко ги отвораат старите рани и нè потсетуваат дека љубовта не секогаш завршува како што сме сонувале.-Мојата песна не е само моја. Таа е дел од луѓето кои ми ги подарија најубавите ноти и стихови. Бескрајно им благодарам на моите соработници кои со години беа ветер во мојот грб, истакна Бајрамов.Гласот на Сефедин Бајрамов повеќе од четири децении ги раскажува најубавите љубовни приказни – тивко, достоинствено и со длабока емоција. Глас на серенадите, романтичните вечери и на срцето. Така беше и оваа концертна вечер, кога публиката имаше можност да ужива во дел од неговиот богат музички опус.

Со особена почит, Бајрамов најпрво го најави Виктор Апостоловски, а потоа и Ана Петановска – двајца квалитетни и веќе докажани млади пејачи на македонската сцена кои изведоа по две нумери евергрини на  македонската забавна музика.Двајцата ја искористија приликата да му се заблагодарат на Сефедин за честа која им ја укажа да бидат дел од овој негов концерт, како и на Камерниот оркестар и публиката во Битола за која по којзнае кој пат покажаа дека се најдобрата публика која знае што е квалитет.Кулминацијата на вечерта беше изведбата на песната “Прстен за неа“, која и денес има посебно место во срцата на публиката, особено кај младите.

Сефедин ја истакна соработката со многу лица, но повторно ја искотисти приликата да ја потенцира соработката со неговиот голем пријател Валентин Соклевски кој се потпишува како текстописец на некои негови хитови.Романтичната приказна за љубовта и спомените што остануваат засекогаш разбуди силни емоции, а публиката со светлата од мобилните телефони создаде вистинско “ѕвездено небо“ во салата.Посебен момент беше изведбата на песната “Снагата во Стамбола, душата во Битола“, со која заврши концертот, посветена на Ајри Демировски.Бајрамов ја покани пејачката Билјана Дамјановска од публиката да му се придружи на сцената, а заедно со Ана Петановска, Виктор Апостоловски и водителката Каролина Петковска ја заокружија оваа емотивна изведба.На крајот од концертот, Сефедин Бајрамов им се заблагодари на поддржувачите кои помогнаа во реализацијата на настанот и рече:-Посебна благодарност упатувам до моите поддржувачи, кои на различни начини придонесоа да се реализира овој концерт: Центарот за култура – Битола, “Минт Инс“,  “Еурофарм Пелистер“ и “Симпекс“.

Посебна благодарност до прим. д-р Таше Трпчевски и болница “Плодност“ од Битола, кој се секогаш мои големи пријатели.Концертот беше прекрасен подарок за битолчани од уметник кој повеќе од четири децении останува доследен на својот музички стил и сензибилитет, градејќи кариера заснована на искреност и длабока емоција. Во текот на своето богато творештво настапувал пред високи државници и високи странски делагации.Вечер исполнета со љубов, музика и спомени – вечер што долго ќе се памети, а битолчани долго време ќе се сеќаваат на концертот на популарниот Сефко кој се целосно се внесе со многу емоции.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска