Денес, сабота, 14 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 13 степени.
Утре, недела, 15 февруари, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец. Температурата во Битола до 14 степени.






