Еурофарм – Пелистер 32:27 (16:12)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола против тимот на Прилеп и славеа со конечни 32-27 (16-12) во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига.
“Пелистерци“ водеа со четири гола на паузата (16:12), Прилеп не се предаде и со солидна игра во второто полувреме се држеше во мала негатива. На средина од вториот дел Шипинкоски и Димитриоски целосно се доближија и во една ситуација тимот на Танески дури и израмни.
Битолчани влегоа во последните десет минути со само гол позитива (24:23). Сепак, квалитетот на актуелниот шампион излезе на виделина, па Тајник со два гола и капитенот Филип Кузмановски ги презедоа работите во свои раце. Така предноста порасна на +4 во завршните минути, најавувајќи го тешко извојуваниот триумф од 32-27.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше капитенот Филип Кузмановски со девет голови.










