Во галеријата „Ранко Струмениковски“ во Битола свечено беше отворена изложбата посветена на големиот македонски уметник Јован Димовски (1928–2000), почесен член на групата уметници познати како ВДИСТ.
Изложбата претстави околу осумдесет дела, создадени во распон од повеќе од половина век – од неговата прва слика од Академијата во Белград, до последното недовршено дело во Скопје. Вечерта беше вистинска прослава на уметноста, исполнета со музика, поезија и вино, во духот на празникот Св. Трифун.
Грозјето и виното – симболи длабоко вкоренети во македонската традиција и мотиви често присутни во делата на Димовски – беа дел од атмосферата, како и темите што го одбележаа неговото творештво: убавината на македонската жена, фрагменти од историјата и гордите револуционери. Со оваа изложба уште еднаш беше потврден значајниот белег што Димовски го остави во современата македонска уметничка сцена.
На отворањето, како и на сите изложби имаше голем број на љубители на уметноста од Битола, зборуваше галеристот д-р Драган Ристевски, кој како нагласи дека оваа е антологиска изложба, рече:
-“Само“ осумдесетина дела од сите творечки периоди, во различни сликарски техники и жанрови се изложени на оваа антологиска ретроспективна изложба на академскиот сликар, Јован Димовски, на кој му доликува предзнакот светски човек и уметник, заради фактот што во текот на својот исклучително богат животен пат исполнет со врвни уметнички креации, то престоувал на многу студиски и професионални ангажмани во брони значајни културни центри во Европа, Азиа и Америка, а неговото исклучително богато и вредно уметничко творештво е “посеано“ на неколку континенти каде неговите уметнички дела ги облагородуваат и красат просторите на бројни галерии, музеи и приватни домови и колекции.
-Од сликарските дела на Димовски, зрачи традиција, ликовност и меланхолија, едноставно се доживува поезија. Независно дали станува збор за цртежи во лавир туш или графики, дали се портрети со масло на македонски илинденци или пак женски портрети, или пак станува збор за пејзажни акварели или урбани мотиви, покрај сликарското мајсторство издигнато до врвна техника, неговите дела пулсираат со совршена суптилност и нежна поетичност. Така, во цртежите и графиките прецизно е дадена естетската креативност, дозирана со совршена ликовност, коа истовремено ги допира и ги милува нашите чувства. Питомоста на ликовите на македонските револуционери, Гоце, Даме, Лане, Пере, Димо, Горче, оддаваат една важна и значана визуелна нитка, дека иако се тие врвни борци за слобода, тие се само обични човечки суштества, но со возвишени идеали. И портретот на Цар Самуил е претставен како лик со секодневни човечки грижи, предизвици и искушенија иако е Цар, а тука е и традиционална женска привлечност и одмерена еротичност е прикажана во женските ликови од Македонија, додаде Ристевски.
-Целиот овој сликарски опус е создаван во белградски околности, далеку од својата Битола и од Македонија, далеку од својот род и народ. Неговата блискост и поврзаност со чувствата и конечно со страдањата на своите сонародници, Димовски напечатливо, со мајсторска ликовност ги изразува во циклусот “Земотрес“ создаден во средината на шеесеттите
години на минатиот век, а посветен и инспириран од трагедијата на катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година. Копнежот по југот, носталгијата по својот крај, вечната македонска мисла и трајна инспирација, Димовски на мошне суптилен, меланхоличен и топол сликарски гениј негува во делата на мртва природа, со плодови од југот пред се, зрелото црвено грозје, калинките, шербетливите лубеници и смокви како и незаобиколното рујно вино кои се вистински оживеани на неговите дела во маслена техника од циклусот, рече Тања Струмениковска – Ристевска која ја рецитираше неговата носталгична песна.
Во поетската ризница на сликарот Јован Димовски каде има материјал и ракопис за неколку збирки се планира да бидат објавени и свечено промовирани, постои една силно носталгично интонирана песна напишана во Белград, а посветена за родниот кра, за неговата Битола.
За Димовски зборуваше и неговиот современик ликовниот уметник Панде Петровски кој заборуваше за нивната прва средба и подготвување на изложба во минатиот век, а како потенцира е радосен што се спасени неговите дела од уништување, а сега се трајна вредност за Битола и Македонија.
Неговиот син Жорж Димовски се заблагодари на сопствениците на галеријата Тања и Драган за тоа што дела кои се во негово наследство, а го создал неговиот татко, а секако и за нивниот придонес во промоција на ликовната уматност.
-На татко каде и да беше Битола и Македонија му беше во срцето, а тоа и се гледа и на наговите дела, насликани се македонското овошје, македонските жени, македонските револуционери, македонскиот крај Самуил, дел од македонската архитектура…
Владо Ѓорески, ликовен критичар за Димовски ќе напише:
-Jован Димовски своот сликарски опус го изградува преку разновидна стилска, мотивска и
емотива разновидност и слоевитост. Тоа негово напластуване на ликовниот екстракт, го создава често во наразновидна авторска ритмика: директно -низ интензивни впечатоци, со доминантна линиска структура или колористичк густина. Неговиот мотивски омнибус, не се повторува во вариациска смисла, то се развива во еден вид на широка перспектива со повеќенасочни ракурси. Таа негова определба, ги користи скоро сите ликовни средства од тенички аспект до идеен, синтезираи ги во поетична хармонизираност. Тоа се движена и размислувана кои на неко начин се недофатливи за конкретизиране или ликовно шематско толкување.
Јован Димовски е роден е 1928 година во Битола. Академија за применета уметност завршил во Белград 1953 (на отсек за декоративно сликарство), во класата на проф. Васа Поморишац и Винко Грдан. Изложува од 1952 година. По дипломираето станува член на ДЛУМ. Работи како ликовен педагог, графички илустратор, сценограф, а најмногу и како слободен уметник. Организирал изложби од 1952 год. во Битола, а потоа Скопје, Белград и странство. Учествувал на изложбите на ДЛУМ, од 1955 г. и со ликовната група ВДИСТ, како нејзин член. Од 1971 год. членува и во белградската ликовна група СИНГИАРТ со други 6 сликари, истомисленици, кои инспирација барале во културното наследство. Излагал во: Словенија, Канада, Франција, Италија, Србија, Хрватска и во сите позначани центри во Македонија. Со неговите самостојни изложби и учеството на голем број групни во земата и странство, се потврдува како значаен ликовен уметник, чие творештво не само што е најпозитивно прифатено од публиката, а е и најафирмативно оценето од врвните ликовни критичари од
повеќе ликовни центри. Добитник е на големиот број награди и признанија. Димовски обезбеди значајно место во историата на македонското сликарство. Негови дела се наоѓаат во колекции во: САД, Англиа, Холандија, Франција, Шведска, Белгија, Германија, Грциjа…
Добитник е на бројни национали награди и признанија. Починал во Белград, 2000, погребан во Битола.
Галеријата “Ранко Струмениковски“ продолжува со својата длабока ликовна археологија, д-р Тана Струмениковска – Ристевска и д-р Драган Ристевски jа зацврстуваат својата идејна определба, најпрво да го осветлат постоењето на ликовното македонско милје, вклучително и дејствувањето на групата ВДИСТ и тоа не како сеќавање туку како своевидна ликовна реминисценција.
Жанета Ристевска
Фото: С.Ристевски











