-Пелистер одигра одличен меч против домаќинот, но немаше сили да се бори и со судиската неправда
Пелистер не успеа да стигне до билет за полуфиналето во Купот на Македонија откако „зелено-белите“ загубија со резултат 66-75. Тренерот Даскаловски и сите кошаркари заслужуваат само пофалби за начинот на кој одиграа, целосно му парираа на домаќинот на куп-турнирот, но немаа сили да одговорат и на судиските неправди, особено оние во завршните пет минути во кои арбитрите го „турнаа“ противникот кон победата, а Пелистер кон елиминацијата.
И тогаш – голем инцидент, откако на битолските навивачи не им беше дозволен влез во салата, дојде до физички конфликт на трибините по кој кошаркарите на „зелено-белите“ го напуштија теренот. На крајот, тие се вратија и четвртфиналето продолжи во напната атмосфера, се играше израмнето до крајот на четвртината што „пелистерци“ ја добија со минимални 18-17, со тројката од десет метри што ја постигна Малешевиќ.
Лука Стојановски погоди тројка во првиот напад од втората четвртина за 21-17, a Пелистер одлично се снајде во жешката атмосфера, со атрактивното забивање на Вилсон поведувајќи со 28-23 и принудувајќи го противничкиот тренер на побара тајмаут. Малешевиќ погоди уште една тројка за 31-25 за Пелистер, но Ѓуроски одговори на ист начин на спротивната страна. Во периодот кога не одеше шутот функционираше офанзивниот скок, но серијата промашувања на крајот беа казнети, па Куманово израмни на 36-36 пред на 106 секунди до крајот на полувремето, за на одмор да се замине со предност од 41-37 по новата тројка на Малешевиќ.
Почетокот на второто полувреме донесе големи проблеми во нападот, Пелистер постигна само два поени за повеќе од четири минути, а Куманово го искористи тоа и поведе со 43-45. Чудниот судиски критериум придонесе четири важни играчи да имаат по три лични грешки во оваа фаза од мечот, а на спротивната страна не беше досуден очигледен намерен прекршок врз Малешевиќ, окарактеризиран како обична лична грешка и покрај повтореното гледање на фаулот. Даскаловски побара тајмаут при негатива од 45-50, по што Пелистер се врати во водство (51-50). Страстите зовреа во 27. Минута, најпрвин Брејси Дејвис доби четврта лична грешка, а неколку секунди подоцна му беше досудена и техничка на клупата. Пелистер одговори и на оваа неправда, со петте поени во низа на Андреј Митревски стигна до предност од 56-50, за во последните десет минути „зелено-белите“ да влезат со минимално водство од 56-54.
„Зелено-белите“ потоа поведоа со 61-56 во 32. Минута, но Кманово возврати и на пет и пол минути до крајот резултатот беше израмнет (61-61). Кумановци во клучните моменти погодија две тројки, имаа и судиска помош со очигледен недосуден прекршок врз Стајиќ, по што домашниот тим успеај да се одлепи и да поведе со 64-67, згора на тоа и останувајќи без тренерот Боро Даскаловски кој доби втора техничка грешка поради преговорите за судиската неправда во клучните моменти. Судиската режија продолжи и во последните четири минути со уште две одлуки на очигледна штета на „зелено-белите“, кумановци знаеја како да ги искористат подароците од арбитрите и на крајот славеа со конечни 66-75.
Малешевиќ со 22 поени беше најефикасен во таборот на Пелистер, а двоцифрен ефект имаа само уште Вилсон со 13 и Брејси Дејвис со 12 поени.









