На 13.02.2026 во 18:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Козјак“ во Битола, 17-годишник од Битола, управувајќи патничко возило „даеву тико“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешак на возрасот од 42 години од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 42-годишниот пешак, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по извршени проверки е констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување со моторно возило, по добиени насоки од јавен обвинител, 17-годишникот е лишен од слобода, а возилото е одземено.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.






