Press "Enter" to skip to content

Ски-центар “Копанки“ продолжува со работа, утре скијање кај ски-лифтот

Хотел “ЕСМ Молика“ од Битола ги известува љубителите на скијањето дека утре ќе има скијање на Пелистер.

-Драги љубители на снегот и зимските спортови,

ве известуваме дека од утре 15.02 Недела, Ски центар Копанки повторно продолжува со работа и ве очекува на планина. Во овој период ќе биде во функција само ски лифтот, па Ве молиме да го планирате вашето скијање согласно условите. Уживајте во свежиот планински воздух, прекрасната природа на Пелистер и вистинска зимска атмосфера. Се гледаме на стаза!, порачаа од хотел “Молика“.