Press "Enter" to skip to content

Соопштение на навивачката група “Чкембари“

Навивачката група “Чкембари“ од Битола остро реагира на настаните што се случија вчера при нашиот влез во салата во Куманово, кога на веќе пријавено и одобрено гостување во МВР ни беше соопштено дека не можеле да ни гарантираат безбедност и поради тоа не бевме примени.

Недозволиво е луѓе да земаат слободни денови, да губат од својата работа, да патуваат стотици километри со љубов кон клубот, за на крај да останат пред врата. Ова не е организациски пропуст, ова е непочит кон навивачите.

Безбедноста не смее да биде изговор за импровизација и недоследност. Ако гостувањето е дозволено и потврдено, тогаш мора да постојат услови тоа да се реализира. Сè друго е срамота и понижување за сите што живеат за клубот.
Очекуваме јасно објаснување и одговорност за оваа одлука, како и гаранции дека вакви ситуации нема да се повторат.

Трибината не се замолчува со затворени врати.

More from ВестиMore posts in Вести »