Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Дијана Неделковска спортист на Битола за 2015 година (фото)

-Во организација на Сојузот на спортови на Битола во 2016 година, во ресторанот “Белведере“ се одржа традиционалниот избор на спортист на Битола за 2015 година, а се доделија награди и за 2014 година, започна со сеќавањата Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, а во 2016 година и претседател на Сојузот на спортови на Битола.За спортист на Битола за 2015 година беше прогласена Дијана Неделковска, членка на
кунг-фу клубот Битола. Таа го доби ова признание врз основа на резултатите кои ги постигна на светското првенство каде таа се закити со златен медал во апсолутна категорија.-Ова е уште едно признание за мене, но и за мојот клуб каде работам долги години. Ова е секако и поттик за сите борци кои се членки на кунф-фу клубот Битола. Успесите се резултат на многу вложен труд, многу работа, а ова признание трето по ред за мене е уште едно вреднување на се она што сум вложила до сега, ќе рече тогаш Дијана Неделковска.Второ пласиран беше Христијан Илиевски – мото спорт третопалсиран Мартин Ивановски – стрелаштво, четврто пласиран беше Стефан Дрогришки – ракомет, а на петто место беше Александра Шијакова – ракомет.За најдобра сениорска екипа за 2015 година е прогласена екипата на женската ракометна
екипа Пелистер. Оваа екипа го доби ова признание за успесите кои ги постигна во Супер ракометната лига на Македонија и учеството во Челинџ купот.Второ пласирана беше екипата на стрелците на РЕК Битола, а на трето место женскиот фубалски клуб Конзули.Посебно признание за 2015 година доби Ѓуро Илиќ за 40 години во боречките вештини, а посебно признание доби Драгољуб Георгиевски за посебен придонес за развојот на стрелаштвото.

More from БитолаMore posts in Битола »