Press "Enter" to skip to content

На поплавените региони во Кичево екипа од Битола на помош

Градоначалникот на Битола – Тони Коњановски соопшти дека по контактите со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски и во координација со командирите на противпожарните единици на Битола и Кичево, обезбедена е, и испратена помош во поплавените региони во Општина Кичево.

-Од територијалната противпожарна единица на Битола испратени се 4 пожарникари со едно возило, со 3 потопни пумпи, 1 моторна пумпа за испумпување на вода, црева, агрегат за струја и дополнителна опрема. Како градоначалник и како Општина стоиме на располагање и за друга помош доколку е неопходна и изразив надеж за што поскоро санирање на состојбата, соопшти Коњановски.