Press "Enter" to skip to content

На стартот на билијард сезоната, Илија Димовски и Радичоски од Битола сребро во “А“ и “Б“ дивизијата

На стартот на новата билјардската сезона се пријавија 99 играчи во “Б“ дивизијата и стандардните 16 во друштвото на најдобрите во “А“ дивизијата, а првиот турнир годинава беше во организација на билјард федерацијата на Македонија, а се одржа во билјард клубот Гран клуб од Скопје.

Тимот на Лонгони пд Битола беше претставен од Илче Трајковски и Илија Димовски, а се натпреваруваа во дисциплина “9 – ка“.

Довчерашниот јуниор, Илија Димовски, со галопирачки старт и сигурна игра со многу бреј ан ран завршници, одлично обмислени и технички удари беше првиот кој стигна во финалето каде го чекаше ланскиот првак, 15 годишниот возрасниот Андреј Ѓурчиновски. После одличниот старт и 3:0, следеше застој и преземање иницијатива од противникот па така може да констатираме дека второто место на Илија Димовски е најголемиот успех во сениорска конкуренција и е најава за одлична сезона.

Илче Трајковски имаше една победа и настап под неговото ниво.Поради големиот број на играчи “Б“ дивизијата се играше во два дена што само по себе му дава дополнителна тежина на турнирот. Од вкупно 99 играчи, само 8 го преживеаа првиот ден од кои двајца беа од битолскиот клуб. Ветеранот Игор Радичоски за кого до последен момент се мислеше дека се прости од билјардот најпрво изненади со тоа што воопшто се пријави, а особено фасцинира со жилавоста и особено квалитетните удари во клучните мигови. 

Добар настап и несреќен пораз имаше Тони Петровски, а особено забележителен настап имаше Реџеп Клења кој претставува извонредно засилување и освежување за тимот. Настапија уште и Петар Думевски, Кристијан Треневски и Благој Илиевски, а за поздравување е и дебито на Давор Огненовски.

Среброто на Игор и петтото место на Тино Бојаџиев се добра стартна позиција за враќање во елитата.

Судии беа битолскиот двоец Петровски и Думевски.