Press "Enter" to skip to content

Сојузот на спортови со видео го најави изборот на најдобри спортисти за 2025, кој е закажан за утре (видео)

Врз основа на Одлуката на  Управниот одбор, Општинскиот Сојуз на спортови на Битола утре по 62. пат ќе ги прогласи најдобрите спортисти на Битола за 2025 година.

Традиционалното свечено прогласување на најдобрите спортисти и екипи на Битола, ќе се одржи утре, 17 февруари, во Нар0дниот театар Битола, со почеток во 19 часот.

Видеото го изработи Гоце Веселиновски.

Општинскиот Сојуз на спортови ќе избере за 2025 година, и тоа:

-10 најдобри спортисти во сениорска конкуренција,

-3 најуспешни екипи во сениорска и

-најуспешна екипи во младинска конкуренција,

-најдобри млади спортисти до 18 години,

-ќе додели и посебни признанија.

Изборот се изврши врз основа на предлозите на членките на Сојузот на спортови, а рангирањето  се врши согласно критериумите утврдени од страна на УО на Општинскиот Сојуз на спортови.