Битолската Зоолошка градина денеска организираше презентација на Националната Стратегија за Зоолошки градини. Експрети, претставници од релевантни институции, градоначалникот на Битола, претседателот на Советот, советници и други гости беа дел од оваа презентација која има за цел остварување на неколку цели кои пак ќе не усогласат и со директивите на Европската унија.
Стратегијата е изработена со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање.
-Главната цел на стратегијата е да се создаде еден план за развој на зоолошките градини. Самата стратегија е насочена кон создавање на еден интегриран пристап во развивањето на зоолошките градини. Главната идеја и насока е да се имплементира европската регулатива во однос на ЗОО директивата, а и покрај тоа да се постигне едно повисоко ниво и повисоки стандарди на одгледување и грижа за животните и промоција на природата, заштитата на биодиверзитетот и градење на една едукативна и јавна свест, рече проф. д-р Мирослав Ќосевски од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.
Стратегијата е направена врз основа на длабинска анализа на зоолошките градини во Битола и Скопје.
-Зоолошките градини не треба да се изложбени центри, во суштина и оваа стратегија со акцискиот план во следните пет години нуди една трансформација од изложбено место на животни, кон едукација и пред се заштита особено на заштитени диви видови кои ги имаме и во нашата земја, рече Богољуб Стерјовски, назависен консултант за заштита на видови и
конзервација.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кажа дека Општина Битола на вториот повик на Владата аплицираше и беше одобрен проектот преку министерството за култура и туризам за изградба на објект на Терариум и објект на Копитари. Изградбата на ново живеалиште за копитари е во вредност од 9.634.336 денари, а изградба на современ терариум во вредност од 8.994.667 денари.
-Овие инвестиции се дел од заложбите на Општина Битола за подобрување на условите во Зоолошката градина, создавање на современ простор за животните и овозможување на поквалитетно, едукативно и забавно искуство за сите посетители, рече Коњановски.
Како Општина продолжуваме да вложуваме и да се грижиме за зоолошката градина, рече градоначалникот на Битола.

Во Битола презентирана националната стратегија за зоолошките градини (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ален Рустемовски и Филип Кузмановски спортисти на Битола за 2025 година, Еурофарм Пелистер најдобра екипа (мега фотогалерија)
- Младите членови на џудо клубот Пелистер полагаа за ученички КЈУ појаси во Битола
- Во Битола врнежливо, температурата до 9 степени
- Сојузот на спортови со видео го најави изборот на најдобри спортисти за 2025, кој е закажан за утре (видео)
- На стартот на билијард сезоната, Илија Димовски и Радичоски од Битола сребро во “А“ и “Б“ дивизијатаНа стартот на билијард сезоната, Илија Димовски и Радичоски од Битола сребро во “А“ и “Б“ дивизијата





