Ве покануваме на настан во малата сала на Центар за култура во Битола посветен на подигнување на свеста за секаков вид насилство, посебно психичкото насилство – тема за која мораме гласно да зборуваме.
Настанот е организиран од Општинска организација на Црвен крст Битола и Совет за превенција од детско престапништво при Општина Битола.
Проекција на краткиот филм „Модринки на душата“.
Трибина со стручни лица кои ќе говорат од свој аспект – психолог, социолог, филозоф и криминолог. Отворена дискусија и можност за поставување прашања до панелистите од областа на психологија, социологија, етика и криминологија
Психичкото насилство остава невидливи, но длабоки траги. Време е да ја прекинеме тишината.
Придружете ни се и бидете дел од разговорот што може да направи промена.
19.02. 2026 година во Четврток
18:00 часот
Мала сала – Центар за Култура






