ФК Јени Маале од Битола денес ја продолжи приказната која што ја започна во Белград, продолжи во Загреб, стигна до Милано и во моментов е во Лисабон.
Клубската организација и овој пат беше и е на високо ниво. Иако во денешно време светот е глобално село и се е достапно, сепак неопходна е енергија, координација и посветеност да се организира и да се реализира патување за 40 лица.
-Во вечерните часови од денешниот ден е натпреварот со домаќинот U.D. Vilafranqense, спортски противник кој што како ривал ни го обезбеди Благојче Рутевски на кој што му сме неизмерно благодарни за трудот и вниманието. Јени Маале не е обичен фудбалски клуб. Напротив, “субјектот“ е повеќе од фамилија во која што еквилибриумот е присутен помеѓу сите членови на клубот и управата, ни рече по вибер комуникација, главниот виновник за турнејата во Лисабон, капитенот Никола Пискачев.
-Посетата на Лисабон ќе ја искористиме за воспоставување на релации со домашната екипа која што планираме да ја угостиме во текот на наредната 2027 година во Битола. Спортски поздрав за нашите фанови, порачаа од ФК Јенимале.










