Еурофарм Пелистер – Висла 25:28 (9:13)
Екипата на Висла Плоцк вечерва во Битола за прв пат го победи Еурофарм Пелистер во рамките на 11. коло од “Б“ групата од Лигата на шампоните. Полскиот шампион на битолски терен водеше уште од првата минута, а притоа одолеа на сите налети на домаќинот, посебно во последните петнаесетина минути и заслужено победи резултат 25:28, полувреме 9:13.
Стевче Алушовски вечерва го имаше и своето деби во Лигата на шампионите ги имаше на располагање сите ракометари, а одличи на трибини да ги остави средните бекови Хаџиќ и Калајџиовски, а на терен истрчаа тројцата голмани.
“Пелистерци“ лошо го отворија натпреварот промашија Манасков и Хенигман, Тајник не се снајде и гостинот поведе со 0:2. По одбраните на Митревски во шестата минута остана -2 и 1:3. Норвешкиот голман Бергеруд неколку пати добро бранеше и забележа осум клучни одбрани интервенции, кои донесоа на Вилса и +5 (4:9).
И Митревски одлично реагираше и тоа донесе 8:9. Во финишот од полувремето полскиот тим направи серија 1:4 за 9:13 на полувреме.
Второто полувреме започна со одбрани на Митревски на голот на Пелистер, но Висла ја имаше контролата на натпреварот, а во 40. минута се вратина +5 (14:19).
Тогаш на голот на Пелистер застана Хеидарирад, кој со две одбрани ја врати самодовербата кај соиграчите, заедно со браќата Атанасијевиќ и во последните десет минути се влезе со 19:20.
Како се наближувеше крајот ракометарите на Пелистер наместо да се смират и да пробаат да направат пресврт, направија грешки, а противничките ракометари смирено ја вратија предноста која им ја донесе и победата (25:28).
Во тимот на Еурофарм Пелистер по четиро гола постигнаа Тајник, Петар Атанасијевиќ и Пешевски.










