Пелистер Волеј -Работнички 3:1
Синоќа во Битола видовме маестрално издание на девојките на Пелистер Волеј кои покажаа на свој терен, во салата на Медицинското училиште покажаа дека можат да се носат со големи екипи.
Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски по завршување на натпреварот од 14. коло на Првата лига рече:
-Тежок натпревар во кој иако имавме водство од 2:0, но кога беше за нив најтешко Работнички покажа зошто е втор на табелата. Намали на 2:1, а потоа направи дополнителен притисок и стигна до 20:14 па беше сосема блиску до израмнивање, но нашите девојки не дозволија изненадување ниту пресврт туку покажаа зрелост и сосема заслужено стигнаа до победа вредна 3 големи бод.
Од Пелистер Волеј нагласуваат дека клучно е да се напомене дека капитенот Стефани Најдановска на резултат 14:20 ја превзеде одговорноста и направи неверојатна серија со својот разорен сервис.
И публиката во Битола, синоќа, беше ветер во грб за одбојкарките на Пелистер Волеј, која со своето громогласно навивање од кое на моменти не можеше да се слушни судиското свирче, остана верна до самиот крај и ја направи атмосферата фантастичнна.
По 1.4 одиграни кола лидер на табелата во првата лига е Наковски Волеј со 41 бод, второ пласирана е екипата на Работнички со 32 бода. Екипата на Пелистер Волеј е на шестото место со 19 бода.
Фото: Дамијана Ристевска











