Press "Enter" to skip to content

Жарко Пешевски, пивотнем на Еурофарм Пелистер: не одиме во Данска со “бело знаме“

Еурофарм Пелистер од Битола отпатува за Данска каде ќе му гостува на ГОГ Гудме во натпреварот од 12. коло на Лигата на ракометните шампиони. Пред натпреварот во Данска своите очекувања ги изнесе еден од најискусните во тимот, Жарко Пешевски.

-Секој нов натпревар во Лигата на шампионите е нова приказна. За секој ривал се подготвуваме посебно, секоја екипа е разлилна. Мислам дека ГОГ Гудме е супер-екипа, со млади дански играчи и супер-талент како Митун, кој се очекува да биде еден од најдобрите за кратко време. После секој европски натпревар оваа екипа на ГОГ Гудме расте. Морам да ги пофалам, затоа што покажуваат одлични игри, нè победија тука во Битола, иако имавме одлично отворање. Водевме со +5, па имавме пад и со многу технички грешки и без одговор за нивната игра „седум на шест“ загубивме. Не одиме со „бело знаме“ во Данска, респект за нив, но имаме свои шанси и се надевам дека среќата ќе биде на наша страна“, смета Пешевски.

Пелистерци имаат четири бода досега од двете победи во Битола, а сезонава на гости немаат бодови. Токму ГОГ е екипата која го држи последното плеј-оф место со осум бода. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »