Press "Enter" to skip to content

Алушовски: предизвик е играта “седум на шест“ на ГОГ Гудме, ако се снајдеме имаме шанси…

Mакедонскиот првак Еурофарм Пелистер од Битола денес го игра натпреварот против данскиот ГОГ Гудме, на кој со победа може да се надева за осминафинале во Лигата на шампионите. По четири порази во низа пелистерци бркаат трето “славје“ во елитата. 

Тренерот Стевче Алушовски знае од каде доаѓа најголемата опасност кон голот на битолчани и се става акцент токму на тој сегмент, го анализира противникот и посочи каде лежи шансата на Еурофарм Пелистер.

-Го анализираме ГОГ Гудме, знаеме кој е вицешампионот на Данска. Загубивме тука во Битола од нив, но тоа не значи дека ќе биде исто и во реваншот. Нивен најголем адут е играта „седум на шест“ и играат добро со двата пивотмени. Треба добро да се подготвиме. За играта „шест на шест“ ќе се подготвиме, но главен проблем ќе биде таа игра „седум на шест“, како и во Битола. Ставаме акцент на тој сегмент, а ќе промениме и некои детали во нападот. Но, не ја гледаме шансата да го добиеме натпреварот преку играта во напад, туку благодарение на одбраната. Секогаш наша основна цел е играта во одбрана. Ако ја сопреме нивната игра „седум на шест“, имаме шанси да се вратиме со позитивен резултат“, изјави Алушовски.

Еурофарм Пелистер по единаесет одиграни натпревари има четири бода, додека ГОГ со осум е едно место погоре на табелата во групата “Б“. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »