Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица се одржа свеченото доделување на наградите од 27. Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура “Струмица 2026“, кој е дел од традиционалната програма на Струмички карневал.
Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, кој истакна дека Струмица преку хуморот и сатирата испраќа порака за креативност, слобода на изразување и меѓународна соработка.
Доделени наградите за најдобри карикатури и афоризми, а во нив е нашиот сограѓанин, најпознатиот карикатурист, Блаже Докуле, кој од страна на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал доби Бронзена плакета за карикатура.
Златната плакета доби Роман Сика од Словачка, сребрена Миро Георгиевски од Македонија.






