Во индустриската зона на излезот од Битола официјално започна со работа техничкиот преглед „Минт Центар“ – реконструиран и модернизиран објект кој нуди комплетни услуги за технички преглед и регистрација на моторни возила.
Станува збор за целосно обновен простор со современа техничка опрема, организирани линии за преглед и оптимизирана проточност на возилата. Објектот е проектиран со фокус на ефикасност, јасни процедури и скратување на времето потребно за реализација на услугата.

Минт Центар овозможува:
-технички преглед на патнички и товарни возила
-регистрација на возила
-поврзани административни услуги
-сервисни активности во рамки на законските стандарди
Локацијата во индустриската зона овозможува лесен пристап, без градска гужва, што е особено значајно за компании со поголеми возни паркови, но и за индивидуални корисници кои сакаат брза и организирана услуга.
Од менаџментот информираат дека примарниот фокус е поставување на висок оперативен стандард и транспарентен процес на работа, во согласност со важечките регулативи.
Со отворањето на Минт Центар, Битола добива современа техничка инфраструктура која комбинира функционален простор, техничка подготвеност и клиентски ориентиран пристап.







