ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер 28:28 (15:11)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола вечерва во Данска одиграа нерешени со ГОГ Гудме 28:28, полувтеме 15:11, во натпреварот од 12. коло на Лигата на шампионите.
Херој на “пелистерци“ беше Никола Митревски кој блесна особено во вториот дел и со своите интервенции го водеше тимот, а тимот на Стевче Алушовски дојде до нов бод.
Натпреварот започна со 4:1 за ГОГ, а потоа беше и 6:4. Ддомашните варираа меѓу три и четири предност во следните минути. Во завршницата на полувремето данскиот тим имаше предност од играч повеќе, играа “седум на пет“, за на одмор се отидео со 15:11.
Второто полувреме до 30. до 40. минута, ГОГ одржуваше водство од три-четири гола, а беше 21:18. Потоа Митревски во клучен момент одбрани зицер, капитенот реализира пенал за 22:19. Наместо -5. Пелистер имаше 23:21, и целосно се врати во игра со 23:22, а по некое време Кузмановскии и Манасков со “цепелин“ израмниба на 24:24.
Еурофарм Пелистер имаше прво водство 24:25 во 53. минута. Потоа повторно со два играчи повеќе во поле домашните дојдоа до 26:25, и ново израмнување. Во последната минута од мечот се влезе со 27:27. ГОГ погоди со двајца играчи повеќе за 28:27. Еурофарм Пелистер имаше напад на петнаесет секунди до крајот и Видомски реализира за ново израмнување 28:28. Сепак, со неколку секунди тренерот на домашните побара тајм-аут, “пелистерци“ се одбранија и освоија нов бод.
Никола Митревски имаше 13 интервенции, повеќето во вториот дел, Видомски потигна седум гола, Филип Кузмановски и Никола Граховац запишаа по шест гола.











