Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска го посети ОУ „Елпида Караманди“ каде се врши реконструкција на дел од спортската сала.
Како што информираше директорката на училиштето Емилија Николовска-Спировски, реконструкцијата подразбира промена на дограмата на целата сала, промена на електричната инсталација, поставање на плочки во ходниците и во соблекувалните, поправање на санитарните јазли со довод и одвод и комплетно опремување на тоалетите и соблекувалните.
Во рамките на овој проект е и поставување на фотоволтаици. Вкупната сума која се инвестира во реконструкцијата, поставувањето фотоволтаици и опремување со реквизити е 4.481.290 денари. Ова се средства добиени од министетството за образование и наука.
Општина Битола во соработка со центрланата власт вложува максимални напори за модернизација на образовните институции во Битола.






