На 25.02.2026 во 16:00 часот во СВР Битола, 84-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
Според пријавеното, претходно лицето и се јавило, се претставило како лекар и и кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција за што требало да плати.
Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






